Достапни линкови

logo-print

Бунтовниците убиле најмалку 80 сиријски војници


Активисти денеска изјавија дека сиријските бунтовници убиле најмалку 80 сиријски војници во текот на викендот. Сиријската обсерваторија за човекови права, базирана во Лондон, ги пренесува тврдењата на бунтовниците во Дамаск, кои велат дека стотина војници биле убиени во градот и биле уништени тенкови. Обсерваторијата соопшти дека успешно идентификувала 80 загинати војници, за кои добиле потврда од сиријските болници. Сиријската државна новинска агенција, од друга страна, јави дека денеска се организирале погреби за 30 загинати припадници на безбедносните сили.
XS
SM
MD
LG