Достапни линкови

Милитанти го запоседнаа најголемиот аеродром во Либија


Милитанти го окупирале главниот аеродром во Триполи, поради што сите дојдовни летови се пренасочени кон воениот аеродром во главниот град на Либија. Судејки по медиумските извештаи, станува збор за милитантска група која се нарекува бригада Ал Авфеа. Милитантите бараат ослободување на еден од лидерите на бригадата кој исчезнал синоќа. Вработен на меѓународниот аеродром во Триполи потврди дека сите појдовни летови се откажани. Лидерот на милитантите синоќа наводно бил киндапиран од стран ана непознати вооружени лица, изјавија од владеачкиот Национален транзициски совет.
XS
SM
MD
LG