Достапни линкови

ЕУ нема да толерира менување на историјата за Сребреница


Европската унија упати предупредување до новоизбраната власт во Србија дека нема се толерираат обидите за негирање на геноцидот на муслимани во Сребреница. Силите на босанските срби во Сребреница заклаа околу 8.000 мажи и момчиња од муслиманска вероисповест за време на конфликтото во Босна во 1995 година. Новиот српски претседател Томислав Николиќ на први јуни изјави дека инцидентот во Сребреница не бил геноцид. Портпаролот на Европската унија Пиа Ахренкилд рече дека „Евроспката унија се противи на било какво менување на историјата“. Меѓународниот суд на правдата и Трибуналот за воени злосторства потврдија дека станува збор за геноцид, дополни портпаролката.
XS
SM
MD
LG