Достапни линкови

logo-print

Поскапо се живее во споредба со лани


Индексот на цените на мало во мај 2012 година, во споредба со мај 2011 година, бележи пораст од 2,8 отсто, а индексот на трошоците на животот пораст од 2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од друга страна, трошоците за живот во мај годинава во однос на април годинава се намалиле за 0,3 отсто, а цените на мало бележат намалување за 0,6 отсто. Податоците на статистика покажуваат дека намалувањето на трошоците на животот е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 6,9, јајцата за 5,4, и свежото млеко и алкохолните пијалаци за 0,3 отсто.
XS
SM
MD
LG