Достапни линкови

logo-print

Груевски се сретна со премиерот на Кралството Шведска


Шведска е наш голем поддржувач на патот кон НАТО и ЕУ; во секоја прилика тие истакнувале принципиелна позиција во однос на Македонија и биле поддржувач на кој што секогаш сме можеле да сметаме, а мислам дека и во иднина ќе биде така, изјави премиерот Никола Груевски по средбата со премиерот на Кралството Шведска Фредрик Рајнфилд, во Стокхолм. Придружуван од владин економски тим, Груевски во Шведска денеска и утре ќе ги презентира можностите за инвестирање во Македонија. „ Разменивме мислења и околу економските состојби во двете држави и воопшто во Европа, но и околу политичките проблеми со кои што ние се соочуваме во однос на блокадата што ни ја прави Грција и штетите што ги има Република Македонија од таа блокада како на политички, уште повеќе и на економски план, и размислувањата понатаму да се продолжи да се бара и да се најде решение со кое овој проблем би бил надминат“ рече Груевски.
XS
SM
MD
LG