Достапни линкови

Путин е загрижен од ефектите од европската криза


Претседателот Владимир Путин изрази загриженост за финансиската криза во Европа, поради можни негативни ефекти врз руската економија и руската трговија со европските земји. Путин ја даде изјавата на заедничката прес конференција со лидерите на земјите членки на Европската унија, кои се собрани на самит во Санкт Петерсбург. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, од друга страна, смета дека загриженоста на Путин е претерана. Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј изрази уверување дека Европа ќе ја надмине кризата, и додаде дека се очекува Еврозоната да усвои план за подобрување на економското и монетарното единство.
XS
SM
MD
LG