Достапни линкови

Македонско-мексиканска љубов преку интернет


Македонката Ирена Васкез и Мексиканецот Роландо Васкез - двојка од Прилеп.

Македонката Ирена Васкез и Мексиканецот Роландо Васкез - двојка од Прилеп.

Роландо Васкез од Мексико ја запознал прилепчанката Ирена на интернет. По седум месеци дошол во Македонија по неговата он-лајн љубов.

Ирена е од Прилеп, а Роландо од Монтереј. Не ни сонувале во животот, дека вистинската љубов ќе ја запознаат и доживеат на интернет и дека токму со он-лајн комуникација ќе го започнат нивниот прекрасен, возбудлив и необичен живот. Приказната започнала пред 4 години, додека Ирена слушала музика, а Роландо и пратил порака консултирајќи ја за некоја заедничка композиција. Така започнала љубовната идила која се уште трае, а веруваат нема да прекине никогаш.

Се запознавме значи на интернет преку страница Bearshear. Слушав музика и случајно ја видов пораката што ми ја прати тој, во почетокот не размислував да започнам пријателство, да почнам контакт со него, но подоцна одлучив да почнам пријателство и продолживме да се допишуваме на истата страница.

„Се запознавме значи на интернет преку страница Bearshear. Слушав музика и случајно ја видов пораката што ми ја прати тој, во почетокот не размислував да започнам пријателство, да почнам контакт со него, но подоцна одлучив да почнам пријателство и продолживме да се допишуваме на истата страница“, вели Ирена Васкез.
Македонката Ирена Васкез и Мексиканецот Роландо Васкез - двојка од Прилеп.

Македонката Ирена Васкез и Мексиканецот Роландо Васкез - двојка од Прилеп.


Роналдо бил цврсто уверен дека таа е љубовта на неговиот живот, вели го слушал само гласот на срцето и затоа резервирал авионска карта, се поздравил со домашните, им кажал дека заминува и дека не знае кога повторно од Македонија ќе се врати во родното Мексико.
Втората недела, тогаш, јас реков дека таа ќе биде за мене и еве многу ми е убаво, по 7-от месец дојдов во Македонија. Ја видов првпат на аеродром и љубов, нема друго што да кажам, прв пат ја гледам и од тогаш реков, таа е, ја сакам.

„Втората недела, тогаш, јас реков дека таа ќе биде за мене и еве многу ми е убаво, по 7-от месец дојдов во Македонија. Ја видов првпат на аеродром и љубов, нема друго што да кажам, прв пат ја гледам и од тогаш реков, таа е, ја сакам“, вели Роландо Васкез.

Уште при првата средба со родителите на Ирена, се почувствувал како дома, без никаков проблем, се радувал на секој момент, поминат со нејзините.

„Да како дома исто, многу ми беше убаво и сега ми е убаво и така ќе биде цел живот. Имам многу пријатели во Прилеп. Многу забави сакаме и многу сакаме да се дружиме и во Мексико и во Прилеп. Многу ми е убаво тука во Прилеп, народот е прва лига, петка“, раскажува Роландо.

По четири години поминати во Прилеп, се обидел многупати да најде работа, зашто има дипломирано на Државна администрација, но вели дека јазикот се уште му е проблем. Од друга страна тој е разочаран од екстремно ниските плати кои им се плаќаат на работниците, кои често изнесуваат и 5.000 денари, со кои не може да се купат ниту прехранбени намирници.

Затоа планира да заминат од Македонија во Мексико. Во фирмата на својот татко да работи извесен период, а кога доволно ќе заработи да се вратат во Прилеп, да купат дуќан и да го продолжат животот.

Ирена исто така со љубопитство го чека моментот на заминување во Монтереј, за да го запознае семејството на сопругот. Во меѓувреме е опсипана од подароци од свекрвата и золвите кои постојано и праќаат нови изненадувања, зашто Роландо, како што вели, им е единствен син во семејството, кое е пресреќно со неговата женидба.

Што точно ќе се случува натаму, велат не знаат, но цврсто се убедени дека нивната љубов ќе расте низ животот, дека ќе го прошират семејството и дека можеби низ годините добро ќе функционираат на релација Монтереј-Прилеп, иако Роландо веќе го избрал Прилеп за животна дестинација, зашто овде се живее мирен и тивок живот, наспроти трката по пари која што секој ден им одзема огромен дел од уживањето на жителите во 5-милионскиот Монтереј.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG