Достапни линкови

Осудени четворица осомничени за терористички напад во Данска


Судот во Данска прогласи за виновни четворица обвинети за планирање на терористички напад на редакцијата на весникот кој објави карикатури на пророкот Мухамед. Тројцата Швеѓани и жителот на Тунис беа уапсени во 2010 година, неколку часа пред планираниот напад. Тие се изјаснија за невини по обвиненијата. Обвинителството тврдеше дека четворицата сакале да стрелаат кон канцелариите на весникот „Јиландс Постен“ на денот кога во медиумот била закажана посета на принцот Фредерик.
XS
SM
MD
LG