Достапни линкови

ОН: Иран да дозволи пристап до комплексот Парчин


сателитска снимка на комплексот Парчин

сателитска снимка на комплексот Парчин

Претставници на Обединетите нации и Иран ќе се сретнат во петок на 8 јуни на разговори за нуклеарната програма на исламската република. Меѓународната агенција за атомска енергија бара пристап до воениот комплекс Парчин. Шефот на агенцијата Јукија Амано денеска апелираше до иранските власти да овозможат пристап до локацијата, за каде постојат сомнежи дека се вршат тестови на нуклеарно оружје. Официјален Техеран ги демантира сомнежите дека произведува оружје во рамките на нуклеарната програма.
XS
SM
MD
LG