Достапни линкови

По странски инвестиции на север


Владина делегација беше на роуд-шоу во Кина, каде што премиерот Никола Груевски се сретна со неговиот кинескиот колега Вен Џиабао на 15 мај 2012 година.

Владина делегација беше на роуд-шоу во Кина, каде што премиерот Никола Груевски се сретна со неговиот кинескиот колега Вен Џиабао на 15 мај 2012 година.

По Кина и Италија, владина делегација од денеска е во потрага по странски инвестиции во Шведска, Данска, Норвешка и Финска.

Владиниот економски тим ги продолжува своите патувања во потрага по странски инвестиции. Маршрутата на новото роуд шоу кое започнува денеска, а ќе заврши в петок ги опфаќа Шведска, Данска, Норвешка и Финска, каде што премиерот ја предводи делегацијата во која се и вицепремиерот за економнски прашања, Владимир Пешевски, министрите за привлекување странски инвестиции Веле Самак и Бил Павлески и заменик директорот на агенцијата за привлекување на странски инвестиции.
За малите земји, привлекувањето на инвестиции е таргетирано, точно целено, по кои сектори, па дури и кои 10-15 фирми би биле можни инвеститори, и потоа директно обраќање до нив, значи direct selling. Нема потреба да се оди на саем да те види еден круг потрошувачи.

Покрај егзистирањето на сите овие институции, но и назначените економски промотори, владините патувања се најпрвин голем финансиски товар за мала држава каква што е Македонија, вели професорот Ванчо Узунов, а потоа и неизвесни во својата целисходност.
Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија на 5 март 2012 година.

Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија на 5 март 2012 година.


„За малите земји, привлекувањето на инвестиции е таргетирано, точно целено, по кои сектори, па дури и кои 10-15 фирми би биле можни инвеститори, и потоа директно обраќање до нив, значи direct selling. Нема потреба да се оди на саем да те види еден круг потрошувачи.“

Целна промоција и квалитетна понуда е тоа што на Македонија се уште и недостига велат експертите. Ниските даноци веќе не се компаративната предност на земјава, вели економистот Висар Адеми, со оглед на тоа дека ова олеснување може да се анулира со трошоците за дообука на работната сила.
Даночните олеснувања се подразбираат, но не се компаративна предност. Она на што треба да се фокусира Македонија е квалификувана работна сила, снабдување со производи, патна инфраструктура, железничка инфраструктура... Ова се работи кои нас не ставаат на мапа.

„Даночните олеснувања се подразбираат, но не се компаративна предност. Она на што треба да се фокусира Македонија е квалификувана работна сила, снабдување со производи, патна инфраструктура, железничка инфраструктура... Ова се работи кои нас не ставаат на мапа.“

Даночните олеснувања кои се главниот адут со кој владината делегација се обидува да привлече странски инвеститори веќе не се атрактивна порака за нив, додава Адеми.

За време на престојот во Стокхолм, Хелсинки, Копенхаген и Осло, владиниот економски тим ќе присуствува на бизнис форуми на кои ќе ги претстави економските и инвестициските потенцијали на Македонија пред повеќе шведски, фински, дански и норвешки компании, а предвидено е одржување и на поединечни средби со претставници на потенцијални инвеститори од овие земји, се вели во веста за патувањето.

Пред една недела ваква презентација беше оджана во Италија, откако неколку дена пред тоа делегацијата на Владата се врати од неколкудневната бизнис посета на Кина.
XS
SM
MD
LG