Достапни линкови

Убиени тројца ерменски војници


Ереван

Ереван

Ерменските власти соопштија дека тројца ерменски војници биле убиени, додека неколкумина други биле ранети во претсрелка со вооружени луѓе кои се обиделе од Азербејџан да влезат во Ерменија. Нема информации дали имало жртви и меѓу напаѓачите. До овој инцидент дојде на неколку часа пред денешната посета на американскиот државен секретар Хилари Клинтон на Ереван на разговори за конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за Нагорно Карабах. Клинтон во рамките на нејзината турнеја треба да ги посети и Грузија, Азербејџан и Турција.
XS
SM
MD
LG