Достапни линкови

Кина ги отфрли критиките на САД


Тијенанмен, 04.06.2012.

Тијенанмен, 04.06.2012.

Кинеското министерство за надворешни работи денеска изрази силно незадоволство околу повикот на Соединетите држави за ослободување на сите лица кои се уште се во затвор поради продемократските протести на плоштадот Тијенанмен во Пекинг пред 23 години. Според некои организации за човекови права, во затворите во Кина имало над десетина учесници на протестите кои траеа шест недели и во чие задушување биле убиени стотици цивили. Официјален Пекинг овие протести ги оцени како контрареволуционерен бунт.
XS
SM
MD
LG