Достапни линкови

Ваши коментари - Има ли доволно странски инвестиции?


Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје.
Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје.

Интервјуто со министерот Веле Самак ги предизвикало читетелите да даваат различни оценки за нивото на странски инвестиции во земјава.

Нашиов народ е познат по тоа дека од се' се разбира, дали од политика, од економија, од безбедност... Па така, и за тоа какви услови се потребни во една земја за да може да привлече странски инвестиции.
Ај што опозицијата нема поим од инвестиции, ама министерот што нема поим!
Коментар од читател.

Веле Самак, министер за странски инвестиции.
Веле Самак, министер за странски инвестиции.
Нашето редовно неделно ТВ-интервју, овој пат со министерот за странски инвестиции Веле Самак, предизвикало неколкумина наши слушатели и гледачи да го искажат своето мислење за искажаното од него.
Точно дека Џонсон контролс прави нова фабрика кај Штип, Кромберг и Шуберт во Битола, Бунарџик проработе и за овие шест години наназад има десетици пати повеќе странски инвестиции отколку во кој и да е претходен период на која и да е влада.
Коментар од читател.

Некој потпишан со Рецензент ги потврдува зборовите на Самак, па пишува дека е точно дека Џонсон контролс прави нова фабрика кај Штип, Кромберг и Шуберт во Битола, дека Бунарџик проработел и дека за овие шест години наназад имало десетици пати повеќе странски инвестиции отколку во кој и да е претходен период на која и да е влада. Но Злади му опонира на овој слушател и вели: „Од толку многу странски инвестиции, тече мед и млеко, а ние не можеме глава да кренеме“. Па прашува колку инвестиции донесле министрите - ловци на инвестиции за толку време колку што министеруваат. И констатира дека платите што досега ги зеле ја надминувале бројката на инвестиции. „Нека не тресе глупости човеков и нека не се брука“ - завршува Злади.

Гаџовски од Скопје вели, цитирајќи го Самак: „Ај што опозицијата нема поим од инвестиции, ама министерот што нема поим!“

Никола и Драгољуб развиле полемика дали НАТО гарантира безбедност на една држава и колку е тоа потребно за сигурност на инвеститорите од странство. Никола од Германија пренесува дека западните медиуми позитивно ја оценувале економската политика на сегашнава влада и дека опкружувањето со НАТО и со членки на ЕУ ја правело Македонија де факто нивна членка, а вие, вели, од Слободна Европа „ќе останете вечни дежурни непријатели и душмани на Македонија“(!?!) Драгољуб од Македонија, од друга страна смета дека Самак не се разбира во политика и економија и дека само пополнува место, а некој друг му диктира.

На народов очигледно му е доста од препукувања помеѓу двете најголеми партии, па на нашиот текст „Груевски не сака ТВ-дуел со Црвенковски“, Гоце од Куманово забележува: „До кога Бранко му кажа на Грујо, Грујо на Бранко. Престанете еднаш да се обвинувате едни со други, соединете се и гледајте да ја оправите државата, кој ви верува во Македонија? Ни мали деца не го прават ова што го прават нашите политичари!“
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG