Достапни линкови

Николиќ почнува со консултации за формирање влада


Претседателот на Србија Томислав Николиќ денеска со претставници на Српската напредна партија почнува консултации за формирање на новата влада .Како што соопштува прес службата на претседателот, Николиќ разговорите за формирање на влада ќе ги почне “ заради тешката економска и социјална ситуација во која се наоѓа државата“. Николиќ вчера кажа дека не сака да шпекулира кој ќе ја формира владата, но дека таа мора да биде составена што побрзо. Тој претходно вети дека, согласно законот и Уставот на Србија, ќе изврши разговори со претставниците на парламенртарните партиии доколку никој не се појави со договор за парламентарно мнозинство. Договорот за парламентарно мнозинство беше објавен уште по парламентарните избори од 6.мај.
XS
SM
MD
LG