Достапни линкови

logo-print

Нов земјотрес во Италија, нема повредени


 Модена

Модена

Земјотрес со сила од 5,1 степени според Рихтеровата скала се почувствувал во областа Емилија Ромања на североистокот на Италија, но за среќа, како што јавуваат агенциите, немало повредени. Овој регион за помалку од две недели два пати беше погоден од силни земјотреси. Епицентарот на денешниот потрес бил во близина на Модена, а се почувствувал во Болоња и Милано. Во претходните два земјотреса загинаа 23 луѓе, додека 14 илјади останаа без покрив над главата.
XS
SM
MD
LG