Достапни линкови

СДСМ ја почна серијата митинзи


Опозициската СДСМ го одржи првиот од најавените серија митинзи синоќа во Струмица под мотото „Крени глас за иднината“ Кандидатот за трет градоначалнички мандат на Струмица и потпретседател на СДСМ Зоран Заев изјави дека народот мора да се охрабри и да го крене својот глас и да ја порази оваа власт. Бранко Црвенковски на митингот во Струмица јавно порача дека се обврзува во секоја општина каде СДСМ ќе ја добие поддршката од граѓаните, една од првите задачи да биде гасификацијата, по примерот на Струмица.Ова лето за СДСМ ќе нема одмор, ниту слободни викенди, рече Црвенковски .Најавените серија протести на опозициската партија се со цел изразување незадоволство од работата на владата.
XS
SM
MD
LG