Достапни линкови

САД го повикаа Пекинг да ги ослободи затворениците од Тјананмен


САД ја повика Кина да ги ослободи сите лица кои сеуште се наоѓаат во затвор,23 години по соборувањето на студентските демонстрации во Пекинг во 1989. година, на кои се бараше демократизација на земјата.Стејт Департментот во соопштение побара од Кина да обезбеди целосни јавни информации за тогашните убивања, затворања и исчезнувања на луѓе.Кинеските војници во Пекинг на 3. и 4. јуни во 1989 година убија стотици цивили,за да ги спречат шест неделните студентски демократски протести што се одржуваа на плоштадот Тјананмен.
XS
SM
MD
LG