Достапни линкови

Нема преживеани во авионската несреќа во Нигерија


Официјални претставници соопштија дека нема преживеани во патничкиот авион со 153 патници кој вчера при слетувањето удри во двоспратна зграда во најголемиот нигериски град Лагос.Причината за уривањето и натаму останува непозната.Агенциите јавија дека авионот на компанијата Дејна кој летал од нигериската престолнина Абуџа до Лагос,удрил во зграда која се наоѓа во кварт веднаш до аеродромот.Властите на Нигерија прогласија три дневна жалост Во Лагос кој е најголем град според број на жители во Африка, живеат 15 милиони луѓе.
XS
SM
MD
LG