Достапни линкови

logo-print

Египет:кандидатот на стариот режим го критикува исламистичкиот ривал





Египетскиот претседателски кандидат и поранешен премиер во режимот на Хосни Мубарак,Ахмед Шафик го нападна својот исламистички ривал од Муслиманското братство Мохамед Морси дека,ако биде избран за претседател,ќе ги тероризира христијаните и ќе го однесе Египет во мрачни времиња. Морси се обиде да профитира од непопуларноста на пресудата со која Мубарак е осуден на доживотен затвор за учество и убиство на стотина демонстранти за време на минатогодишните протести.Десет илјади луѓе вчера протестираа поради пресудата.Шафик и Морси ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори на 16. и 17. јуни.
XS
SM
MD
LG