Достапни линкови

Најмалку 153 лица загинале во уривање на авион во Лагос


илустрација

илустрација

Вкупно 153 патници биле на авионот кој се урна во двокатна зграда во Лагос денеска, изјави за „Франспрес“ шефот на нигериската Агенција за цивилно воздухопловство. „Станува збор за авион на компанијата Дана кој летал од Абуја до Лагос. На леталото имало 153 патници. Не верувам дека има преживеани“ изјави Харолд Демурен. Авионот се урнал во една од најнаселените населби во градот, недалеку од аеродромот. Портпарол на компанијата Дана потврди дека еден од нивните патнички авиони се утрнал но засега не се откриваат повеќе детали. „Можам единствено да потврдам дека еден од нашите авиони се урна во Лагос“ изјави Тони Усидамен.
XS
SM
MD
LG