Достапни линкови

logo-print

Клинтон не сака да шпекулира за говорот на Каменеи


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека нема да извлекува заклучоци за ефектот од последните изјави од Иран врз успехот на преговорите со Исламската република во Москва. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Каманеи изјави дека западните казни за Иран нема да ја онеспособат нуклеарната програма на официјален Техеран, пред почетокот на разговорите за ова прашање со претставници на шестте светски сили. Клинтон рече дека лидерите често даваат изјави за домашната публика, изразувајки надеж дека Иран ќе вложи напори за дипломатско решение. Инаку, западните земји стравуваат дека иранската нуклеарна програма може да се пренамени за производство на оружје, стравувања кои според Каменеи се наменети за одвлекување на вниманието од економската состојба во Европа и Америка.
XS
SM
MD
LG