Достапни линкови

logo-print

Петто полагање на државна матура


Годинава 19.052 кандидати, од кои седум лица со посебни потреби, се пријавени за полагање државна матура во 97 јавни и седум приватни средни училишта за учениците од гимназиското, уметничкото и средното стручно образование. Задолжителниот дел на државната матура ќе се спроведе на 9 јуни, а изборниот на 12 јуни со почеток во 10 часот. Резултатите ќе се објават на 23 и 24 јуни.
Полагањето на државната матура ќе ја следат 230 набљудувачи и 2.000 испитувачи. Приговор за оценувањето може да се достави до Училишната матурска комисија која ќе го проследи до Државниот испитен центар.
XS
SM
MD
LG