Достапни линкови

Одобрено стратешкото партнерство меѓу САД и Авганистан


Авганистанскиот сенат го одобри стратешкото партнерство меѓу Авганистан и Соединетите американски држави, со што се овозможува присуство на САД во земјата и по повлекувањето на американските трупи во 2014 година. Од 80 сенатори 13 гласаа против, откако авганистанскиот парламент го ратификуваше предлог – договорот. Документот го потпишаа авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и американскиот претседател Барак Обама во кабул на 2 мај.
XS
SM
MD
LG