Достапни линкови

„Златна зора“ одрекува вмешаност во нападот на имигрант


Грчката крајно десничарска партија „Златна зора“ демантира дека нејзини претставници се вмешани во нападот на 31-годишен пакистански имигрант, кој се случи во петокот навечер во Атина. Вчера полицијата соопшти дека напаѓачите на странецот учествувале во моторџиски поход, организиран од политичка партија. Полицијата прецизираше дека спречила други напади врз имигранти. Од „Златна зора“ велат дека нивните приврзаници биле километри одалечени од местото на инцидентот и ја обвинија полицијата за предрасуди и спречување на предизборната кампања на партијата. За нападот беа приведени а потоа и ослободи шест лица, меѓу кои и ќерката на лидерот Николас Михалољакос. Нападнатиот имигрант беше хоспитализиран.
XS
SM
MD
LG