Достапни линкови

Асад демантира владина инволвираност во масакрот во Хула


Сирија се соочува со вистинска војна која се води однадвор, рече сиријскиот претседател Башар Ал Асад во обраќањето пред пратениците во парламентот. Шефот на државата демантираше владина инволвираност во масакрот во Хула и го нарече настанот „грозен криминал“., Асад додаде дека земјата сега се наоѓа во најкритична фаза после колонијализмот. Говорот на претседателот беше сличен на претходните, во кои се обвинуваа терористи за немирите во земјата. Станува збор за прво обраќање на шефот на државата по масакрот во Хула, каде беа убиени стотина лица, повеќето од кои жени и деца.
XS
SM
MD
LG