Достапни линкови

logo-print

ЕМО се решава и никако да се реши


Фабриката ЕМО од Охрид.

Фабриката ЕМО од Охрид.

Поранешни вработени во некогашниот охридски гигант, фабриката ЕMO, се жалат дека компанијата во која го поминале целиот работен век им должи и по 40 плати.

Државата се уште не може да го реши проблемот со едни од најголемите загубари како што се скопски ОХИС и охридски ЕМО. Ако пред некој ден пропадна уште еден обид за продажба на ОХИС, во еден од најголемите гиганти и на просторите на поранешна Југославија, фабриката која се занимава со производство на трансформатори ЕМО, состојбата исто така е неизвесна. Поранешни вработени кои компанијата ја напуштиле по разни основи се жалат дека ЕМО им должи и по 40 плати.
Моментално во ЕМО е тотална лудница, никој ништо не зне. И тие што одат на работа за џабе одат на работа. За 4 години ЕМО ни должи по 40 плати. Јас и сопругот заедно бевме на работа во ЕМО од 1979 година. И двајцата не исфрлија партиски и сега може да замислете како ние сега преживуваме.

„Моментално во ЕМО е тотална лудница, никој ништо не зне. И тие што одат на работа за џабе одат на работа. За 4 години ЕМО ни должи по 40 плати. Јас и сопругот заедно бевме на работа во ЕМО од 1979 година. И двајцата не исфрлија партиски и сега може да замислете како ние сега преживуваме“, вели поранешна вработена.
Архивска фотографија: Работници во кичевската фабрика за производство на челични далекуводи, подружница на ЕМО од Охрид.

Архивска фотографија: Работници во кичевската фабрика за производство на челични далекуводи, подружница на ЕМО од Охрид.


Овие луѓе велат дека во изминативе години поминувале низ незапаметена голгота, сеќавајќи се на убавите денови на ЕМО и на целокупното охридско стопанство.

„Најтешко што може, без пари. Ситуацијата е лоша, како може да биде. Порано беше многу убаво, редовни плати, редовно се, ама сега нема ништо“, вели друг вработен.
Има многу заинтересирани за ЕМО Охрид. Владата на Република Македонија, како што направи за ОХИС порелаксирани услови за инвеститорите, истото планираме да го направиме и за ЕМО Охрид.

Стотина поранешни вработени во ЕМО имаа средба со Народниот правобранител. Му се пожалија дека, наместо на сите работници, заостанатите плати им се исплаќале само на оние кои се уште одат на работа. Велат дека покренале и судски спор кој го добиле, но извршителите никако да пристапат кон наплата на средства.

„Во ЕМО, во некои дооели не се исплатени плати и 5 години. Сега се поделија некои плати, не знаеме како ги поделија и врз основа на што. Тие велат дека за плати, но ако се за плати, сите вработени што биле треба да ги добијат тие пари. Од таа група има луѓе што работеле до 31 декември 2011 година, не влегуваат во таа група на луѓе“, вели друга вработена.

Даут Селими, заменик Народен правобранител, на овие луѓе им вети оти ќе се обидат да им помогнат.

Министерот за економија Ваљон Сарачини неодамна најави дека државата прави напори за продажба на Емо на добар инвеститор.

„Има многу заинтересирани за ЕМО Охрид. Владата на Република Македонија, како што направи за ОХИС порелаксирани услови за инвеститорите, истото планираме да го направиме и за ЕМО Охрид“, рече неодамна министерот за економија Ваљон Сарачини.

Од ЕМО велат дека владата обезбедила 70 отсто од средствата кои требало да им бидат исплатени на работниците.
XS
SM
MD
LG