Достапни линкови

Иванов: Иднината на Балканот зависи од Европа


Иднината на Балканот зависи од Европа, но и европската иднина делумно зависи од Балканот, изјави македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во Мостар, обраќајки се на првата пленарна сесија на дводневниот форум „Верско и културно историско наследство како основа за интензивирање на соработката меѓу државите“. „ Мојата визија и мото отсекогаш биле „Европскиот мир е неостварлив без балканскиот мир“. Сметам дека обединувањето на европскиот континент и напорите за остварување на визијата за „Европа обединета во различностите“ може да се оствари преку примена на моделите на мултиетнички соживот кои постојат на Балканот, особено македонскиот модел“ рече претседателот. На форумот најавено е присуство на домаќинот - претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ, албанскиот претседател Бамир Топи, претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова и претставници од државните институции од земјите од регионот.
XS
SM
MD
LG