Достапни линкови

Одбележување на јубилејот на британската кралица


Повеќе од еден милион луѓе се очекува да се соберат на крајбрежјето на реката Темза денеска на церемонија со која се одбележува 60 годишниот јубилеј на британската кралица Елизабета. Прославата на т.н. дијамантски јубилеј започна вчера, кога кралицата присуствуваше на трка со коњи а денеска околу 1.000 бродови ќе пловат по Темза. Прославата се случува во услови кога анкетите покажуваат дека 80 проценти од британците сакаат земјата да остане монархија.
XS
SM
MD
LG