Достапни линкови

Претседателот Иванов го посети спомен-обележјето на Трајковски на Ротмиље


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов попладнево положи цвеќе на спомен-обележјето на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски на Ротмиље близу Мостар.На 26 февруари 2004 година на ова место, Трајковски и осум членови на неговиот кабинет загинаа во авионска несреќа, патувајќи кон Мостар.Иванов во босанскиот град учествува и ќе се обрати на 10-тиот УНЕСКО регионален самит на шефови на држави на ЈИЕ насловен „Верско и културно историско наследство како основа за интензивирање на соработката меѓу државите“ во рамки на форумот „Дијалог меѓу цивилизациите“ поттикнат од Република Македонија.Шефот на државата денеска кај Ротмиље беше придружуван од главниот секретар на Претседателството на БиХ и од македонскиот медицински тим од кампот „Бутмир“ во Сараево кој е дел од мисијата Алтеа 12.
XS
SM
MD
LG