Достапни линкови

На Мубарак му се влошила здравствената состојба на пат кон затворот


Здравствената состојба на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак нагло му се влошила на пат кон затворската болница. Мубарак претходно денеска беше осуден на доживотен затвор поради корупција и убиства на околу 900 демонстранти во минатогодишните нереди. Државната телевизија пренесе дека на Мубарак му се слошило во хеликоптерот на пат кон затворот и оти тој е однесен во затворската болница.
XS
SM
MD
LG