Достапни линкови

logo-print

Владата најавува 6 до 8 илјади вработувања


Премиерот Никола Груевски денеска најави дека владата донела мерки со кои треба да се обезбедат нови шест до осум илјади вработувања. Новиот социјално- економски пакет предвидува и мерки за конкурентна поддршка на компаниите, социјално ранливите семејства, земјоделците и транспортерите. Премиерот Никола Груевски на прес-конфренција, на која присуствуваа сите владини министри, објасни дека мерките се дел од т.н. нов бран, а целта е подобрување на вкупната економско- социјална состојба во државата. За нивната реализација ќе бидат одвоени 13 милиони евра. Мерките се проектирани во услови кога има кратења во некои ставки од Буџетот.
XS
SM
MD
LG