Достапни линкови

Приведени двајца пратеници на неонацистичката „Златна зора“ заради напад врз имигрант


 Immigrants push carts in which they collect recyclable items, Athens, 23May2012

Immigrants push carts in which they collect recyclable items, Athens, 23May2012

Двајца пратеници од неонацистичката грчка партија „Златна зора“ се приведени заради напад врз имигрант, јавија грчките медиуми.
Синоќа по моторџиски поход низ улиците на Атина, група од околу 50 членови на партијата упаднале во продавница во центарот на градот и нападнале странец од Бангладеш.
По нападот тие избегале, а полицијата успеа да приведе шестмина од напаѓачите.
Во соопштението на „Златна зора“ се посочува дека меѓу приведените е ќерката на лидерот Никос Михалољакос - Уранија.
Партијата „Златна зора“ доби седум насто од гласовите на парламентарните избори од 6 мај и обезбеди 21 пратенички мандат во 300-члениот парламент.
XS
SM
MD
LG