Достапни линкови

Сеништето на војната се надвива над Сирија


Преседавачот на Арапската Лига Набил ал Араби

Преседавачот на Арапската Лига Набил ал Араби

Преседавачот на Арапската Лига Набил ал Араби изјави дека испратил писмо до Советот за безбедност на ОН во кое бара да се превземат сите мерки за да се заштити сирискиот народ. Тој ова го изјави во Доха каде учествува на состанок за Сирија по минатонеделниот масакр во Хула во кој беа убиени над 100 луѓе.
Лидерот на најголемата опозициона група Сириски Национален Совет Бурхан Галиоун изјави дека подржува арапска воена акција за да се стави крај на насилствата врз цивиулите. Во Доха се и специјалниот пратеник на ОН Кофи Анан кој изјави дека сеништето на војната се повеќе се надвива над Сирија.
XS
SM
MD
LG