Достапни линкови

Претседателот Иванов на „Дијалог на Цивилизациите“


Во рамките на форумот „Дијалог меѓу цивилизациите“, македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска и утре во Мостар ќе учествува на десетиот УНЕСКО регионален самит на шефови на држави на Југоисточна Европа насловен како „Верско и културно - историско наследство како основа за интензивирање на соработката меѓу државите“.
Во оваа прилика Иванов ќе положи свежо цвеќе на споменикот на Ромтиље, каде што во 2004 во авионска несреќа загина тогашниот македонски претседател Борис Трајковски.
Тој треба да оствари билатерални средби со претседавачот со Претседателството на БИХ, Бакир Изетбеговиќ и со црногорскиот претседател, Филип Вујановиќ.
XS
SM
MD
LG