Достапни линкови

Николиќ се заложи за прекин на судирите на Косово


Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека мораат да запрат судирите на Косово и дека е важно да се отстрани стравот кај граѓаните.
Николиќ синоќа изјави дека се разговара со службите кои соработуваат на тоа поле, и дека владата мора да разговара серизоно со Еулекс и со УНМИК.
Николиќ додаде дека продолжување на разговорите е единствениот начин за конечно да се дознае што е договорено, а што не е, што злоупотребуваат институциите во Приштина, иако тоа не е договорено.
-„ Бидејќи денеска се зборува за масовно симнување на регистерски таблички од автомобилите на граѓаните од северот на Косово, не можеме да седиме мирни, ниту можеме да молчиме пред тоа што се случува на Косово“, изјави Николиќ.
XS
SM
MD
LG