Достапни линкови

Доживотен затвор за Хосни Мубарак


Поранешниот египетски Претседател Хосни Мубарак денеска е осуден на доживотен затвор за убиство на мирољубиви демонстранти за време на демонстрациите против неговиот режим. Доживотна казна затвор за истото дело доби и поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал Адлу. Судијата Ахмед Рефат од друга страна изјави дека обвиненијата против Хосни Мубарак и неговите синови Ала и Гамал за поткуп се отфрлени. Максималната казана за Мубарак и другите обвнинети беше смрт. Судските пресуди емитувани на ТВ во живо предизвикаа ерупција на хаос и тепачки внатре во судницата. Луѓето извикуваа дека одлуките не биле фер. Надвор од судницата пак се славеше. Мубарак е првиот арапски лидер кому му судеше неговиот народ во Суд.
Околу 5 илјади полицајци и 2 илјади војници ја обезбедуваат полициската академија каде што процесот се одвиваше.
XS
SM
MD
LG