Достапни линкови

Мубарак осуден на доживотен затвор, синовите ослободени


Поранешниот египетски Претседател Хосни Мубарак денеска е осуден на доживотен затвор за убиство на околу 850 луѓе за време на демонстрациите протитв неговиот режим. Доиживотна казна затвор доби и поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал Адлу. Судот од друга страна ги отфрлли обвиненијата против неговите синови Ала и Гамал по што во судницата дојде до ерупција на незадоволство. Околу 5 илјади полицајци и 2 илјади војници ја обезбедуваат полициската академија каде процесот се одвива а телевизијата пресудата ќе ја емитува во живо.
XS
SM
MD
LG