Достапни линкови

Нова демократија води во анкетите пред изборите во Грција


Политичките лидери на Грција

Политичките лидери на Грција

Најновата анкета, последна во пресрет на стапувањето во сила на двонеделната изборна тишина пред парламентарните избори на 17 јуни во Грција, покажува благ раст од 0,7 отсто на поддршката за конзервативната Нова демократија во однос на левичарската коалиција СИРИЗА.
Доколку денеска се оддржат избори, Нова демократија би освоила 27,1 отсто од гласовите, а СИРИЗА 26,4 отсто, се наведува во заедничката анкета на фирмата Метрон анализа и грчката телевизија Антена.
Најновата анкета покажа дека повторените парламентарни избори ќе овозможат влез на осум партиии во грчкиот парламент, вклучувајќи ја и „Рекријејт Грција/ Драси“, мала пробизнис коалиција, пренесоа агенциите.
Од друга страна, американските медиуми наведуваат дека СИРИЗА има предност со проектирани 31,5 отсто од гласовите во однос на Нова демократија за која ќе гласаат 25,5 отсто гласачи.
Без разлика на тоа која партија е во предност, парламентарните избори од 6 мај покажаа дека ниту една партија нема да освои доволен број гласови на повторените избори на 17 јуни за сама да формира влада и дека ќе мора да влезе во коалиција со други партии, доколку сака да формира влада.
XS
SM
MD
LG