Достапни линкови

logo-print

Денеска пресуда и казна за Хосни Мубарак


A demonstrator holds up a cross and a Koran during a protest on Tahrir square in Cairo, 26Jan2012

A demonstrator holds up a cross and a Koran during a protest on Tahrir square in Cairo, 26Jan2012

Денеска треба да биде соопштена пресудата и казната на поранешниот египетски Претседател Хосни Мубарак. Тој е обвинет за убиства на демонстранти кои минатата година се обидоа да го остранат од власт.
Мубарак и 6 мина негови соработници можат да добијат и смртна казна ако судот ги прогласи за виновни за убиство на околу 850 луѓе. Хосни Мубарак и неговите синови Ала и Гамал се соочуваат и со обвинение за поткуп, односно за продажба на природен гас на Израел за неверојатно ниски цени.
Околу 5 илјади полицајци и 2 илјади војници ја обезбедуваат полициската академија каде процесот се одвива а телевизијата пресудата ќе ја емитува во живо.
XS
SM
MD
LG