Достапни линкови

Американската морнарица се засилува на Тихиот Океан


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета денеска изјави дека како дел од новиот стратегиски фокус на Азија, американската морнарица ќе ги премести повеќето од бродовите од Атлантикот на Пацификот до 2020 година.
Зборувајки на Конференцијата за безбедност на Пацификот, Панета рече дека одлуката е дел од воениот ребаланс за зголемување на капацитетите во виталниот регион.
Панета додаде дека сега половина од бродовите се наоѓаат на Атлантикот а половина на Пацификот, а по преместувањето односот ќе биде 40: 60.
XS
SM
MD
LG