Достапни линкови

Италија, ако биде побарано, ќе го напушти ЕУРО 2012


архива
архива

Доколку тоа ни го побараат за доброто на фудбалот националниот тим мора да си оди. Тоа нема да биде проблем,, рече Прандели.

Италијанската репрезентација би можело да го напушти Европското првенство во фудбал доколку тоа и биде побарано за доброто на фудбалската игра. Ова го изјави селекторот на италијанската репрезентација Чезаре Прандели по неодамнешното откривање на скандалот со местење натпревари во италијсната лига што го наруши имиџот на ,,азурите,,. ,,Доколку тоа ни го побараат за доброто на фудбалот националниот тим мора да си оди. Тоа нема да биде проблем,, рече Прандели за РАИ, една недела пред почетокот на првенството во Украина и Полска.
XS
SM
MD
LG