Достапни линкови

Ирска го усвои фискалниот пакт на ЕУ


Ирска со големо мнозинство го поддржа фискалниот пакт на Европската унија кој има за цел справување со дефицитот во еврозоната. Според конечните резултати од вчерашниот референдум, фискалниот пакт го одобриле 60,3 насто од гласачите. Ова претставува извесно олеснување во рамките на Европската унија со оглед на се почестите барања за напуштање на мерките за штедење за излез од кризата. За да стапи во сила во почетокот на идната година, фискалниот пакт треба да биде одобрен во 12 од 17 земји на еврозоната. Досега го поддржаа само четири земји.
XS
SM
MD
LG