Достапни линкови

Реакции на инцидентите на северот на Косово


Советот за национална безбедност на Србија на денешната вонредна седница по повод денешните инциденти на северот на Косово констатира дека сериозно била загрозена безбедноста на граѓаните. Советот ги повика КФОР и УНМИК, во рамките на нивните мандати, да ги спречат обидите на косовските власти во Приштина за предизвикување нестабилност и страв меѓу српското население. Претседателката на Косово Атифете Јахјага во денешното соопштение, го осуди насилството против мировните сили на НАТО. Денесдка КФОР отстрани две барикади во општина Звечан, а во судирите кај село Рударе биле повредени најмалку тројца срби и двајца војници на КФОР.
XS
SM
MD
LG