Достапни линкови

Нема казни за руските навивачи со комунистички симболи


Носењето комунистички симболи не е забрането во Полска.

Руските фудбалски навивачи кои ќе носат комунистички симболи на ЕУРО 2012 во Полска нема да бидат казнувани, бидејќи тоа не е забрането со закон. Ова го изјави полскиот министер за спорт Јоана Муха откако нејзиниот руски колега Витали Мутко ја обвини Полска дека вештачки поттикнува тензии во врска со комунистичките симболи. ,,Носењето комунистички симболи не е забрането во Полска,, изјави Муха, објаснувајќи дека полскиот амбасадор во Москва бил погрешно разбран и оти не рекол дека руските навивачи ќе бидат казнувани за тоа. Многумина Руси сметаат дека употребата на симболи од поранешниот Советски сојуз е израз на патриотизам.
XS
SM
MD
LG