Достапни линкови

На фубалерите им е забрането на Твитер и Фејсбук


Англија ги предупреди своите фудбалски репрезентативци да бидат внимателни со користењето на Твитер за време на ЕП 2012-та, додека пак, Шпанија и Данска целосно им забранија на фудбалерите да ги користат социјалните мрежи додека трае турнирот во Полска и Украина. Раководствата на репрезентациите страхуваат дека преку социјалните мрежи би можеле да излезат на виделина некои проблеми или тактики на селекторите.
Капитенот на Англија, Стивен Жерар изјави на прес конференција дека им било кажано да не постираат на твитер она што не е неопходно.
Шпанскиот репрезентативен Фабрегас претходно напиша на Твитер дека веќе не му е дозволено да ги користи социјалните мрежи. Се надевам дека наредната фотографија што ќе ја ставам на социјалните мрежи, ќе биде со шампионскиот пехар, напиша Фабрегас.
XS
SM
MD
LG