Достапни линкови

logo-print

Иванов: нема промена на стратегиските определби


претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

,,Нема да има промена на стратегиските определби на државата и никогаш нема да прифатиме ултиматум, уцени, или какво било решение што на кој било начин може да ни наштети на идентитетот, на јазикот, вели претседателот на Македонија Ѓорге Иванов во интервју за утрешното издание на „Дневник,,. ,,Има два начина да се реализираат нашите цели: прво, Грција да ги почитува меѓународните обврски, кои самата ги презела... второ, да биде конструктивна во разговорите за името и да се придржува до предвидената рамка и до она што е предмет на разговорите. Без постојано наметнување нови услови, барања и навлегување во идентитетските прашања за да можеме да дојдеме до заемно прифатливо решение,, наведува Иванов кој за неодамнешното објавување доверливи документи во јавноста, вели дека поранешниот претседател направил неодговорен и неразумен потег, штетен за државните интереси и, пред се, контрапродуктивен за целокупниот процес на разговори. Претседателот Иванов оценува дека безбедносната состојба во државата не е загрозена, ниту по петкратното убиство кај Железарското езеро.
XS
SM
MD
LG