Достапни линкови

logo-print

Италија можеби ќе ја нема на ЕП


Селекторот на Италија, Чезаре Прандели изјави денеска дека не би му пречело доколку Италија не учествува на престојното европско првенство во фудбал, поради местењето натпревари во италијанската лига. Ако ни речат дека е во интерес на фидбалот Италија да не учествува, тоа за мене нема да биде проблем. Постојат работи што се поважни, изјави Прандели.

Неодамна во Италија беа уапсени 19 лица кои се осомничени за местење натпревари. Оние фудбалери што се под истрага нема да бидат во репрезентацијата на Италија, рече Прандели.
Пoлицијата ги испитуваше и банкарските сметки на голамнот Џанлуиџи Буфон, поради сомневање дека се обложувал на големи суми.. Италија на Европското првенство е во група со Шпанија, Ирска и Хрватска.
XS
SM
MD
LG