Достапни линкови

Може ли опозицијата да се обедини?


Лидерите на СДСМ и на ЛДП, Бранко Црвенковски и Андреј Жерновски ги почнаа разговорите за широка опозициска коалиција.

Лидерите на СДСМ и на ЛДП, Бранко Црвенковски и Андреј Жерновски ги почнаа разговорите за широка опозициска коалиција.

Лидерите на СДСМ и на ЛДП, Бранко Црвенковски и Андреј Жерновски, вчера се сретнаа во Скопје. Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски најави дека овој месец ќе ги почне разговорите со СДСМ.

Еден ден откако лидерот на социјалдемократите ја најави подготвеноста на оваа партија да соработува со сите оние кои ја оценуваат актуелната политика на власта како погубна, разговорите за формирање поширок опозициски фронт започнаа.
Ние ќе работиме на тоа, СДСМ е целосно отворен за таа опција. Нашите оценки и проценки се дека состојбите со коишто се соочува нашата држава налагаат потребата од такво нешто.

„Ние ќе работиме на тоа, СДСМ е целосно отворен за таа опција. Нашите оценки и проценки се дека состојбите со коишто се соочува нашата држава налагаат потребата од такво нешто“, рече Црвенковски.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.


Вчерашната средба со Андреј Жерновски потврди дека ЛДП е една од тие партии.

„Постојат моменти во историјата на една држава, на еден народ, кога се води таква погубна политика на демократски план, на економски план, да опозициските партии и не само политички партии, туку воопшто целиот тој сегмент, е приморан да седне да разговара, па дури и да соработува.“
Постојат моменти во историјата на една држава, на еден народ, кога се води таква погубна политика на демократски план, на економски план, да опозициските партии и не само политички партии, туку воопшто целиот тој сегмент, е приморан да седне да разговара, па дури и да соработува.

Неговата партија претходно заедно со ВМРО-НП, ОМ и Достоинство го формираше таканаречениот трет блок кој беше формализиран пред три дена со отпочнување на серијата митинзи. Добро е двата карвани да се одвиваат паралелно за поголемо мобилизирање на народот, рече Жерновски, оставајќи простор и тие да се обединат со заеднички настап на 2 септември за кога СДСМ го најави завршниот митинг во Скопје. Иницијалниот митинг најголемата опозициска партија го започнува в недела во Струмица. Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски најави отпочнување на разговорите со СДСМ во јуни.

Предизборното коалицирање со најголемата опозициска партија од албанскиот блок се уште не изгледа возможно, барем според она што го зборуваат во ДПА. Евентуалната ваква соработка тие ја условуваат со прифаќање на нивната нова политичка платформа на која се темели нивната партиска програма.

„Значи ние како партија мислиме дека еднаш засекогаш некои работи треба да се прецизираат и да се регулираат односите меѓу двата најголеми народи во Република Македонија“, изјави Зијадин Села од оваа партија.

Експертите различни во своите коментари по повод најавените активности на опзицијата - од тоа дека тие ги исправаат досегашните аномалии во нејзината активност, до тоа дека и недостасува вистински концепт и вистинска понуда.

„Бранко Црвенковски, како лидер на СДСМ, не е спремен да направи една солидна и реална платформа за соработка на опозицијата. На кои темели би била соработката, не е проблемот само да се урне Груевски па да дојде иста варијанта“, изјави професор Алајдин Демири.

„Јас мислам дека митинзите ќе донесат ефект од неколку причини. Прво затоа што покажуваат малку поголема активност на СДСМ и затоа што се на терен меѓу луѓето, а тоа беа две од нивните условно речено најслаби страни“, изјави политичкиот аналитичар Петар Арсовски.
XS
SM
MD
LG