Достапни линкови

Големи очекувања, мали буџетски приходи


Министерот за финансии Зоран Ставрески зборува за собраниска седница за ребаланс на буџетот на 29 мај 2012 година.

Министерот за финансии Зоран Ставрески зборува за собраниска седница за ребаланс на буџетот на 29 мај 2012 година.

Буџетот никако да почне да се полни според предвиденото. Експертите сметаат дека предложениот ребаланс веројатно нема да биде доволен.

Државната каса во април за разлика од истиот месец минатата година останала покуса за 13,5 милиони евра, што според експертите, значи дека домашната економија не се движи во посакуваната насока. Дека вкупните приходи се намалени за девет насто од планираните потврди и министерот за финансии Зоран Ставрески по објавувањето на ребаланс на буџетот три месеци по првичниот. Професорката Марија Зарезанкова Потевска вели дека причината за таквата состојба е поради помалиот обем на работа на фирмите, како и поради кризата во Европа.
Останува да се види дали и таа проекција е коректно направена. Мојата проекција е дека максималниот раст би бил некаде меѓу 1,5 и 2 проценти. Тоа значи дека ако не се исполни планираната проценка за раст, тогаш повторно можеме да очекуваме промена на параметрите и нов ребаланс до крајот на годината.

„Тоа е резултат на состојбите во опкружувањето, Европа и тн., ние сме увозно зависна земја и тоа нормално дека се одразува и на работењето во Македонија и како резултат на тоа и приходите се помали.“

Доколку и натаму продолжи забавената стопанска активност и ниското ниво на работење на домашната економија, професор Зоран Ивановски вели дека тоа ќе резултира со неисполнување на планираните проекции за полнење на буџетот.

„Јасно е дека владата, односно буџетот, ќе се соочи со проблеми да ги испорача планираните нивоа на јавни расходи. И тоа нормално таму каде што се алоцира, а тоа се делот на плати, социјални трансфери, нормално работење на јавната администрација и се разбира делот за капитални инвестиции.“
Да им се дозволи на луѓето полесно да дојдат до отворање на претпријатија и до работа. Капиталот да биде подостапен, за жал не е достапен, да се отвораат нови работни места за луѓето што сакаат да работат.

Тој додава дека е скептичен за остварувањето на економскиот раст од 2,5 проценти на владата, што ќе доведе до нов ребаланс на буџетот.

„Останува да се види дали и таа проекција е коректно направена. Мојата проекција е дека максималниот раст би бил некаде меѓу 1,5 и 2 проценти. Тоа значи дека ако не се исполни планираната проценка за раст, тогаш повторно можеме да очекуваме промена на параметрите и нов ребаланс до крајот на годината“, вели Ивановски.

И според Потевска, не е исклучена веројатноста за нов ребаланс. За да го избегне таквиот развој на настаните, владата треба да го потикне отворањето на нови фирми и работни места.

„Да им се дозволи на луѓето полесно да дојдат до отворање на претпријатија и до работа. Капиталот да биде подостапен, за жал не е достапен, да се отвораат нови работни места за луѓето што сакаат да работат.“

Владата предвидува и дека буџетскиот дефицит ќе остане на 2,5 насто, а инфлацијата ќе биде 2,8 проценти.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG