Достапни линкови

logo-print

ЕУ со економски зони до побрз развој


Европа веќе почна да предлага алтернативи на штедењето. Германската влада, како што пишува весникот Шпигел, развила план од шест точки за забрзување на економскиот пораст во Европа. Во планот е вклучен и предлогот за формирање специјални економски зони во најпогодените земји на еврозоната.

Весникот Шпигел пишува дека германската влада имала предлог за специјални економски зони кои би биле формирани во со криза зафатените земји на периферијата на еврозоната. Според планот, странските инвеститори би биле привлекувани во овие зони преку даночни олеснувања и не толку строго законско регулирање.

Предлогот е дел од планот од шест точки што германската влада има намера да го претстави за дискусија во рамките на Европската унија околу мерките за стимулирање на економскиот пораст.

Предлогот е дел од планот од шест точки што германската влада има намера да го претстави за дискусија во рамките на Европската унија околу мерките за стимулирање на економскиот пораст.

Во планот, како што пишува Шпигел, се повикуваат земјите да формираат трустеви, сличен на оној што беше формиран за време на обединувањето на Германија за продажба на старите државни компании во Источна Германија со цел средствата да бидат повторно инвестирани.

Исто така од земјите се бара да го прифатат германскиот двоен образовен систем во кој е комбинирано стандаризираното практично образование со потребите на компаниите, а со цел да се намали високата навработеност кај младите.

Со планот им се препорачува на земјите со голема невработеност да спроведат реформи какви што има направено Германија, вклучувајќи губење на провизиите што го отежнуваат отпуштањето на вработените на неодредено време и создавање работни односи со помали даночни давачки.

Франк Волтер Штајнмаер, од Социјалдемократска партија, за весникот Шпигл вели дека фискалниот пакт во рамките на Европската унија може да профункционира само доколку бидат вклучени елементи за натамошен економски развој.

„Доколку ги нема, социјалдемократите нема да го поддржат“, изјави Штајнмаер.

Со тоа германскиот канцелар Ангела Меркел, според Шпигел, била доведена во незавидна позиција со оглед на фактот што за да помине фискалниот пакт и е потребно двотретинско мнозинство во Бундестагот, кое таа сега го нема.

Штајнмаер исто така бара формирање фонд за исплата на европскиот долг. Тој смета дека евро обврзниците кои се промовирани од новиот француски претседател Франсоа Оланд како начин за излез од кризата, можат да бидат ефикасни само доколку бидат проследени со строги услови и со хармонизирана европска економска и финансиска политика, пишува германскиот весник Шпигл.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG